Комитетот за надворешни работи на Конгресот со поддршка за членството на Македонија во НАТО

Претседателот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом Елиот Л. Енгел ја повика администрацијата на претседателот Доналд Трамп за поддршка на членството на идната Република Северна Македонија во НАТО. Во писмо до државниот секретар Мајк Помпео, лидерот на Комитетот за надворешни работи нагласува дека членството на Северна Македонија во НАТО ќе помогне да се обезбеди стабилноста и мирот на Балканот.

“Членството на Северна Македонија во НАТО ќе има значителна корист не само за Северна Македонија и Грција, туку и за САД и останатите земји членки,” се наведува во писмото.