Во Турција запленети 615 килограми коакин скриен во банани

Илустрација

Турската полиција заплени 615 килограми кокаин во операција спроведена во јужната провинција Мерсин, соопшти турското Обвинителство. Во заедничката операција со безбедносните сили од јужната провинција Хатај, тимовите за борба против недозволеното производство и трговија со дрога пребарале контејнер во пристаништето Мерсин во кој, според декларацијата, се наоѓале само банани од Еквадор.

Меѓутоа, откриени се и 530 пакети кокаин, се наведува во соопштението и се додава дека во операцијата се уапсени и четири лица.