Тачи: Русија не е против договор меѓу Белград и Приштина

Претседателот на Косово Хашим Тачи

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави во Вашингтон дека Русија која традиционално ја поддржува Србија, ветила дека ќе го поддржи евентуалното помирување меѓу Белград и Приштина. Тој во говорот во Советот за надворешнополитички прашања рече дека во ноември разговарал со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на одбележувањето на 100 годишнината од крајот на Првата светска војна кој му рекол дека ќе поддржи договор меѓу Белград и Приштина.