Поддршка, закани, критики...

МАКЕДОНИЈА - Колега Дамире, се гледаме наскоро во НАТО, му порача македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска на нејзиниот хрватски колега Дамир Крстичевиќ, за време на неговата официјална посета на Македонија.

МАКЕДОНИЈА - Локацијата на новиот Клинички центар ќе биде во општината Ѓорче Петров, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

СРБИЈА - Вработените во телевизијата Н1 во Србија добиле писмо со смртни закани кон нив и нивните семејства поради тоа што, како што наведе телевизијата, известувале за протестите во Србија. Според информациите од телевизијата, која случајот го пријавила во полиција, писмото содржело и закана дека зградата на телевизијата ќе биде крената во воздух.

ФРАНЦИЈА - Една жена е уапсена како дел од истрагата за пожарот во една станбена област во Париз, при што загинаа најмалку 10 луѓе, соопштија официјалните претставници.

ТУРЦИЈА - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во Белата палата во Анкара се сретна со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

ИРАН - Иранските власти ги критикува Грција и Италија поради тоа што не купиле нафтата од нив и покрај дозволата од САД, без притоа да му понудат на Техеран објаснување.

ТУРЦИЈА - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Европската унија дека се обидува да го собори венецуелскиот претседател Николас Мадуро игнорирајќи ја демократијата, објавија светските новински агенции.