Утре ќе се расправа за барањето за притвор на поранешниот министер Димовски

Архивска фотографија - Поранешните министри Љупчо Димовски и Зоран Ставрески

Единаесеттата седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието ќе се одржи утре со почеток во 11 часот, а единствена точна на дневен ред е барањето за одобрување притвор на пратеникот Љупчо Димовски.

Барањето е поднесено од Основен суд Скопје 1 Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција кое го сомничи Дмимовски, заедно со другите поранешни министри за земјоделство Ацо Спасеновски, Михаил Цветков и Кристијан Делев за злоупотреба на службена должност при издавање под закуп на земјоделско земјиште.