Договорот од Преспа е дипломатија за пример, оценил германскиот претседател Штајнмаер

Заев и Штајнмаер во Берлин

Премиерот Зоран Заев и германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер во телефонски разговор ја констатирале историската важност на Договорот од Преспа, како за нашата земја, така и за регионот и Европа, соопшти владината прес-служба.

„Премиерот Заев се заблагодари на претседателот Штајнмаер за поддршката што Сојузна Република Германија ја пружи за време на целокупниот процес на создавање на Договорот од Преспа, како и за поддршката која претседателот ја дава за ратификација на протоколот за членство на нашата земја во НАТО“, се наведува во соопштението.

Според владината прес-служба, претседателот Штајнмаер во разговорот ги поздравил дипломатијата и дипломатскиот пример кои „премиерот Заев ги дава за регионот и за Европа“, оценувајќи ги како прогресивна вредност за целиот свет.