Меркел го затвора профилот на Фејсбук

Германската канцеларка Ангела Меркел најави дека ќе го затвори својот профил на фејбук затоа што не е повеќе претседател на ЦДУ. Канцеларката тоа го потврди и со видео на нејзиниот профил, но без да прецизира датум.

Таа им се заблагодари на следбениците.

„Тие знаат дека не сум повеќе шеф на ЦДУ. Поради тоа ќе го згаснам својот профил“, рече Меркел и додаде дека понатаму преку интернет, преку официјалната страна на Владата, ќе комуницира со своите следбеници, но дека нејзините активности ќе можат да ги следат преку Инсатграм профилот.

„Ве молам и понатаму да ја следите мојата работа, сега само како канцелар“, рече Меркел.