Трамп ќе ја прекине блокадата ако има разумен договор

Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би поддржал „разумен договор“ меѓу лидерите на републиканците и на демократите во Сенатот Мич Меконел и Чак Шумер за прекин на делумната блокада на американската влада. Тој ова го изјавил пред синоќешниот состанок со републикански конгресмени.

Меконел и Шумер синоќа имале средба по два неуспешни обида во Сенатот да се прекине блокадата што трае од 22 декември.

Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси „студено“ ја дочека понудата на Белата Куќа да се усвои привремен нацрт буџет ако во него има „депозит“ за ѕид на границата со Мексико. На прашањето за идејата за депозит, Пелоси кратко изјавила дека тоа не е разумен предлог.