Времето облачно со снег и дожд

Нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов студен и влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег.

На повеќе места врнежите ќе бидат обилни, во југоисточните делови ќе бидат претежно од дожд (над 40литри/м2), а во останатите од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка.

Дневната температура ќе се движи од 1 до 5 степени.