Анкета на Асошиејтед прес: 6 од 10 Американци го обвинуваат Трамп за блокадата

Според резултатите на анкетата на Центарот за истражување на односите со јавност на АП, повеќето Американци, односно шест од 10 Американци, го обвинуваат претседателот Доналд Трамп за рекордно долгата блокада на владата и ја отфрлаат неговата причина која доведе до таквата состојба, ѕидот на границата со Мексико, објави Асошиејтед прес (АП).

Според истата анкета, само 34 отсто од Американците ги одобруваат резултатите од работењето на Трамп, што е пад во однос на 42 отсто од луѓето кои го поддржуваа во анкетата спроведена еден месец претходно, и е блиску до најнискиот рејтинг во текот на неговото двегодишно вршење на функцијата претседател.

Поддршката за Трамп меѓу републиканците и понатаму е блиску до 80 отсто, но рејтингот кај независните групи му е на најниска точка од почетокот на мандатот, објави АП.