Венецуела- Гуадо се прогласи за привремен претседател, Трамп го призна

Венецуела- десетоци илјади демонстранти против претседателот Николас Мадуро

Стотици илјади граѓани на Венецуела излегоа на улиците низ повеќе градови со барање лидерот на социјалистите Николас Мадуро да поднесе оставка. Во главниот град Каракас, претседателот на Народното собрание Хуан Гуадо се прогласи себе си за привремен претседател на земјата што наиде на одобрување и честитки од насобраните поддржувачи. Подоцна претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп рече дека го признава Гуадо за привремен претседател. На фотографиите од протестот во Каракас се гледа како некои демонстранти се судираат со припадниците на националната гарда по што е употребен солзавец. Мадуро беше реизбран минатата година на избори кои опозицијата ги оцени како нерегуларни.