Грип, хероин и астероиди

МАКЕДОНИЈА - Од 7 јануари до 13 јануари се регистрирани 281 заболен од грип, што е зголемување за 43,4 отсто од претходната недела кога беа регистрирани 196 случаи, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

МАКЕДОНИЈА - Пазарџиите во Скопје протестираат против новиот Закон за зелени пазари со кој се бара тие да имаат лиценци за работа, поради што зелените пазари се испразнија.

РУСИЈА - Две руски авиони се судрија во воздушниот простор на Далечниот Исток, соопшти руското Министерство за одбрана. Во соопштението руската војска објави дека двата авиони Су-34 вршеле обука за летови кога дошле во контакт околу 35 километри од брегот на Јапонското море.

ГРЦИЈА - Алексис Ципрас ќе одговори во Парламентот зошто има намера да го ратификува штетниот Договор од Преспа и главно, зошто на Скопјаните им отстапи наводна македонска националност и јазик, нешто што ниту една претходна влада не го имаше помислено, велат од грчката опозициска Нова демократија во одговор на соопштението на грчкиот премиер.

ВЕЛИ БРИТАНИЈА - Сопругот на кралицата Елизабет, принцот Филип, војводата од Единбург (97), бил инволвиран во сообраќајна несреќа додека возел во близина на имотот Сандрингем во источна Англија, соопшти Бакингемската палата. Принцот не е повреден во несреќата.

БУГАРИЈА - Бугарската полиција во реоните на градовите Хасково и Благоевград, запленила 47 килограми хероин и 13 килограми амфетамин.

САД - Големи астероиди за двапати повеќе паднаа на Земјата во последните 290 милиони години во споредба со претходните 700 милиони години, се наведува во според една објавена во списанието Сајенс.