Во нападот во Најроби загинале над 20 луѓе

Нападот на екстремистичката група Ал Шабаб во Најроби траел 20 часа

Во нападот на исламските екстремисти врз еден луксузен хотелски комплекс во Најроби загинале 21 лице, а биле убиени и петмина напаѓачи, соопштија синоќа властите на Кенија. Нападот на екстремистичката група Ал Шабаб во Најроби траел 20 часа. Оваа група соопшти дека нападот бил реакција на „глупавите коментари на американскиот претседател Доналд Трамп и неговото признавање на Ерусалим за главен град на Израел“.