Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека партијата нема да ги бојкотира претседателските избори. Мицкоски во Отворено студио на телевизија Алфа порача дека изјавата на генералниот секретар на партијата Игор Јанушев била погрешно протолкувана и намерно спинувана. Тој уште еднаш побара заедно со претседателските истовремено да се одржат и предвремени парламентари избори.

Мицкоски порача и дека со денешното објавување во Службен весник на Законот за јазици претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Зоран Заев извршиле „атентат“ врз Македонија. Тој потврди и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави како и иницијатива за проверка на уставноста на законот пред Уставен суд.