Најмалку 5 жртви во напад на луксузен хотел во Кенија

Експлозија на автомобил во реонот каде се наоѓа хотелскиот комплекс во Најроби

Во напад на луксузен хотелски комплекс во Најроби загина најмалку пет лица. Нападот го извршиле милитанти од сомалиската група Ал Шабаб која е поврзана со Ал Каеда. Пукотници и експлозии се слушале од реонот Вестленд во главниот град на Кенија каде се наоѓа хотелскиот комплекс.

Се уште не се знае точната бројка на повредени. Милитантите на Ал Шабаб претходно извршија напад во трговски центар во Најроби при кој загинаа 67 луѓе.