Канческа Милевска: Не сум уценета и стојам цврсто зад одлуката за уставни измени

Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска

Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска по денешното рочиште за случајот „Тендери“ на СЈО изјави дека никој не ја уценил за да гласа за усвојување на уставните измени во Собранието.

„Ниту сум уценета, ниту пак ќе дозволам да бидам уценета за било што и било како. Едно е уставните измени и моето гласање во таа насока и ставањето на државните интереси пред се. Значи стојам цврсто, јасно и гордо зад таа моја одлука“, рече Канческа Милевска пред Кривичниот суд.

Канческа Милевска се гони за злоупотреба на службената положба и овластување за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“.