Рускиот суд им го продолжи притворот на украинските морнари

Дел од притворените украински морнари

Судот во Москва го продолжи притворот за 12 украински морнари кои беа заробени заедно со уште 12 нивни колеги од страна на руските сили откако три украински бродови беа нападнати во Црното море во ноември. Притворот на морнарите им е продолжен до 24 април.

Некои од присутните во судот извикуваа „Слава за Украина. Се очекува судот да го продолжи притворот и за останатите 12 морнари. Сите 24 морнари соопштија дека сметаат дека нивното затворање е политички мотивирано.