Израел ќе продолжи да ги напаѓа иранските сили во Сирија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговите трупи ќе продолжат да ги напаѓаат иранските сили на територијата на Сирија. Ова предупредување доаѓа откако началникот на израелските сили призна дека Израел гаѓал ирански трупи стотина пати во Сирија.

„Ви кажувам, веднаш излезете од таму. Нема да престанеме да ве напаѓаме“, изјави Нетанјаху.

Toj го исмеa иранскиот функционер кој го негираше присуството на ирански војници во Сирија и рече дека Иран имал само советодавна позиција.

„Тие секогаш лажат. Лажат и кога велат дека пропаднал обидот за лансирање на сателит во вселената“, изјави Нетанјаху алудирајќи на извештајот според кој иранскиот министер за комуникации призна дека обидот за лансирање пропаднал.