Одложено судењето за 27 април

Кривичен суд, Скопје

Судењето за настаните на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија се одложува за 21 јануари за Апелација да одговори на жалбите на одбиените барања за амнестија и тие да станат правосилни.

“Согласно Законот за амнестија дел побараа и веќе добија, а дел од барањата се одбиени. За дел од одбиените барање се уште нема правосилни одлуки. Тоа претставува пречка за понатамошна расправа. Следната расправа се одложува за 21 јануари”, изјави судијката Добрила Кацарска.

Судот на почетокот информира дека девет обвинети кои се во куќен и затворски притвор не се спроведени поради економичност на постапката, бидејќи денешното рочиште ќе се одложува. На следното рочиште би требало да се изврши промена на обвинителниот акт согласно Законот за амнестија и да се започне со завршни зборови.

Обвинителката Вилма Рускоска го извести судот дека обвинителниот акт ќе ги достави во писмена форма на сите обвинети.