Британскиот парламент ќе гласа за договорот за Брегзитот

британската премиерка Тереза Меј

Британските законодавци денеска треба да го одржат клучното гласање за владиниот предлог за напуштање од Европската унија. Пред гласањето, британската премиерка Тереза Меј предупреди дека гласањето против владиниот предлог го доведува под прашалник заминувањето на земјата од Унијата. Според неа, тоа би било „изневерување на гласот на Британците“. Последен рок за излегување на Британија од ЕУ е 29 март годинава, Експертите предвидуваат дека без некаков договор со Унијата британската економија ќе биде вовлечена во хаотична ситуација.