Уште еден министер му даде поддршка на Ципрас, Каменос и него го исклучи

Каменос и Ципрас се разделија како владини партнери поради неслогата околу Преспанскиот договор

По министерката за туризам, Елена Кундура и заменик министерот за земјоделство, Василис Кокалис е отстранет од пратеничката група на Независни Грци откако му даде поддршка на премиерот Алексис Ципрас.

Исто како и за Кундура, така и за Кокалис, лидерот на партијата, Панос Каменос реагираше преку неговиот официјален Твитер профил.

„Василис Кокалис иако се наоѓа во фаза на преговори од Кина за неговиот глас за националното прашање доволна е неговата намера за замена на позицијата за да биде отстранет од пратеничката група на Независни Грци“, напиша Каменос на Твитер.