Ахмети - Крај на конфликтиите и нејаснотиите, време е за мир и решенија

Собраниска седница за уставни измени 9 јануари 2019 година.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во писмено обраќање до граѓаните порача дека е време за решенија и мир и за НАТО и ЕУ. Тој вели дека со вчерашното гласањето во Собранието се родил нов ден, со јасна и цврста евроатлантска перспектива, не само за Македонија, туку за целиот регион.

„Ние се залагавме долго за да дојдеме до овој ден, поттиснувавме многу други очекувања, не адресиравме цели потреби, оставивме на страна многу барања, само и само да се дојде до овој ден што става точка на еден скоро три децениски спор кој што не држеше во заложништво. Но ова не е крајот, ова е само почетокот. Ова е крај на конфликтите, на недоразбирањата, на нејаснотиите, на непредвидливоста, ова е почеток на крајот на Париските последици од 1919 година“, пишува Ахмети.

Тој им се заблагодарува на граѓаните, на соработниците, на партнерите, на опозицијата која им се придружи, но и на меѓународните пријатели.

„Ние само што го започнавме поправањето на грешките од Париз 1919, редот е на Косово и Србија. Овој регион, од каде што започна уништувачката вековна лавина во 1914 година, треба и да ја заврши. Време е за решенија, време е за мир, време е за НАТО и за Соединетите Европски Држави“, порачува Ахмети.