Јункер - Скопје и Атина да го направат тоа што историјата го бара од нив

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ги повика Грција и Македонија да го завршат процесот за името во определените рокови.

Одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со романскиот претседател, Клаус Јоханис во Букурешт, Јункер изјави дека е „импресиониран од храброста“ на Зоран Заев и Алексис Ципрас.

„Ретки се оние кои пред историјата носат таква одговорност и би сакал овој процес да биде заклучен успешно и во определените рокови. Можам само да ги охрабрам двете земји, двата парламенти да го направат тоа што историјата го бара од нив“, изјави Јункер.