Повторно не почнува седницата за уставните измени

Собраниска седница за уставни измени 9 јануари 2019 година

Сè уште не е почната собраниската седница за уставните амандмани која беше најавена за денеска во 12 часот. Пленарната сала е речиси празна, а од собраниските служби засега нема официјална информација кога ќе продолжи седницата.

Според партиски извори, во меѓувреме продолжуваат разговорите за обезбедување на потребното двотретинско мнозинство за изгласување на измените на Уставот.

Седницата почна во средата кога премиерот Зоран Заев имаше експозе за уставните измени, по што претседателот на Собранието ја прекина и ја презакажа за вчера, кога нејзиниот почеток беше неколкупати презакажуван, по што продолжението беше закажано за денеска напладне.