Мајкл Коен ќе сведочи пред Конгресот

Мајкл Коен, доскорашниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп

Мајкл Коен, доскорашниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ја прифатил поканата следниот месец јавно да сведочи пред Конгресот на САД. Тој додаде дека се радува што ќе има каде да ја изнесе „целата кредибилна приказна за настаните што се случиле“. Коен ќе сведочи пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, тело кое ги истражува наводите на жените дека добиле пари да молчат оти спиеле со Трамп за време на изборната кампања во 2016 година. Трамп ги негира овие наводи. Коен неодамна призна дека го лажел Конгресот за неговата улога во врските со Русија за што е осуден на три години затвор.