Трамп нема да отпатува за Давос, поради ѕидот со Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп .

Американскиот претседател Доналд Трамп отпатувал за Тексас за да притисне за остварување на својот контроверзен проект за пограничен ѕид меѓу САД и Мексико.

Тој претходно на Твитер објави дека нема да отпатува на економскиот форум во Давос закажан за подоцна во јануари, поради делумното затворање на американската влада. Трамп порачува дека само ѕид на границата со Мексико можат да ги заштитат САД од, како што вели, насилен криминал извршен од илегалните имигранти.

Светскиот економски форум во Давос , Швајцарија, трае од 21 до 25 јануари.

Од Трамп се очекуваше кратко да се појави на собирот, но тој вели дека непопустливоста на демократите бара од него да остане дома. Пред да замине за Тексас, Трамп ги критикуваше демократите во Конгресот поради одбивањето да одобри 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот.