Мицкоски - Ќе сториме сè Договорот за името да не се случи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на протест пред Собрание против уставни измени.

„Јас сум против промена на името, не затоа што сум против ЕУ, туку затоа што си ја сакам Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред Собранието на Македонија. Вчера тој им се придружи на протестите против уставните измени.

Тој вели дека Договорот за името е штетен и дека како партија ќе сторат сè што е во нивна моќ, тој Договор да не се случи.

„Потребно е масовно обидување, да си подадеме рака меѓусебе, љубовта кон татковината е поголема од сите разлики, сакаат да не разделат за да полесно им минува предавството, само заедно ќе победиме.. Ние со Заев на чело сме сè подалеку од ЕУ. Власта дезинформира дека еден е изборот ако сакаме напредок, а всушност изборот е меѓу кариерата на Заев или победата на Македонија. Ние ја одбираме победата на Македонија“, рече Мицкоски.