Протести, закани и напади...

МАКЕДОНИЈА - Уште еден обид да се одржи собраниска седница за уставни измени и да се  обезбеди мнозинство. Пред Парламентот повторно протести.

МАКЕДОНИЈА - Лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, кој e кандидат за претседател на Европската комисија на претстојните избори во ЕУ, изјави дека е неопходно решение за спорот за името меѓу Атина и Скопје и отворање на европерспективата на Македонија.

ГРЦИЈА - Германската канцеларка Ангела Меркел, според дипломатски извори, е во Атина за, меѓу другото, да му даде и поддршка на грчкиот премиер Алексис Ципрас пред ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент.

САД - Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека повлекувањето на американските војници од Сирија, најавено од претседателот Доналд Трамп минатиот месец, ќе се случи и покрај критиките.

ТУРЦИЈА - Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека Турција може да ги купи американските ракетни системи Патриот ако условите ѝ одговараат, но инсистира дека таквиот договор би бил невозможен ако Вашингтон ја принуди Анкара да го откаже договорот за набавка на рускиот ракетен систем С-400.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека излегол од состанокот со конгресмените од Демократската партија откако тие му рекле дека нема да го финансираат ѕидот на американско мексиканската граница.

ЈУЖНА КОРЕЈА - Северна Кореја мора да преземе похрабри чекори за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, изјави претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин.

АВГАНИСТАН - Властите во четири провинции во Авганистан соопштија дека во серијата талибански напади врз безбедносни пунктови убиени 32 припадници на авганистанските безбедносни сили и провладините милиции, а десетици се ранети. Нападите се случиле во провинциите Кундуз, Баглан, Тахар и Бадгис.