Тевдовски: Министерството за финасии има кредибилна проекција за растот на БДП

Архивска фотографија- министерот за финансии Драган Тевдовски

Тоа што одиме со проекција за раст на БДП од 3,2 отсто за 2019 година, што е многу блиску до проекциите на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), а е пониско од проекцијата на Народната банка на РМ (НБРМ), покажува дека имаме кредибилна проекција, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски во коментар на последните оценки на Светска банка во јануарскиот Глобален извештај според кои Македонија лани имаше раст од 2,5 отсто, а во 2019-та ќе достигне до 2,9 проценти.

“Проекциите на релевантните меѓународни институции како Светска банка, ММФ и на домашните како Народната банка се многу блиски до оние на Министерството за финансии. Некои се пониски неколку проценти поени некои се повисоки. Тоа значи дека одиме со многу кредибилна проекција”, рече Тевдовски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Од проекциите за раст на БДП, како што додаде, фискално најважно е дали може да ја остварите приходната страна.