Трамп: хуманитарна криза на границата со Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп во телевизиското обраќање до нацијата ситуацијата на границата со Мексико ја оцени како хуманитарна криза. „Има растечка хуманитарна и безбедносна криза на нашата јужна граница“, изјави Трамп. Демократите во Конгресот го критикуваат Трамп, барајќи од него повторно да овозможи отворање на федералните владини агенции кои се затворени веќе 18 ден откако тој инсистира на изградба на ѕид кон Мексико со цел да се сперчат мигрантите да влегуваат во САД. Говорот на Трамп од Овалната соба, негов прв откако влезе во Белата куќа, според посматрачите, покажа колку американската политика станала тензична, особено откако демократите ја презедоа контролата врз Претставничкиот дом на Конгресот.