Преговори, предупредувања, закани и вето

МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев се сретна со лидерот на БЕСА Билал Касами во рамки на консултациите со политичките партии за обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА / РУСИЈА - Велика Британија ја предупреди Русија да не игра дипломатски шах по апсењето на Американецот Пол Вилен, кој има и британско државјанство, под обвинение за шпионажа.

САД - Американските власти го повикаа Иран да се откаже од лансирањето ракети во рамките на вселенската програма, оценувајќи дека тоа би било провокација.

ФРАНЦИЈА - Новите анкети покажуваат дека три четвртини од Французите не се задоволни од политиките на претседателот Емануел Макрон и на неговата влада.

ГРЦИЈА - Грчките судии ја обвинија владата за обид за мешање во истрагите покренати пред претстојните избори, бидејќи се сомнева оти скандалите за корупција би можеле да влијаат врз предизборната кампања.

КИНА - Кинеските власти привеле 13 канадски државјани од апсењето на ќерката на основачот на кинеската компанија Хуавеи, Менг Венџу во Ванкувер на 1 декември.

САД - Новото демократско мнозинство во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри две мерки за ставање крај на двонеделното делумно затворање на владата. Сепак, со тоа не се надминува ќор-сокакот околу буџетот, бидејќи претседателот Доналд Трамп најави дека ќе стави вето на овие мерки затоа што со нив не се обезбедуваат пари за ѕидот на границата со Мексико.