Времето денеска: претежно облачно

Во Македонија ќе биде претежно облачно со умерен, повремено засилен северен ветер и со провејување на снег. Во јужните делови ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Утринската температура ќе се движи од минус дванаест до минус еден, а дневната од минус девет до еден степен. Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу минус четири, а дневната до минус еден степен.