Хрватска му постави рок на Израел за набавката на авионите Ф-16

Илустрација: Американски воен авион Ф-16.

Хрватска денеска му постави на Израел карен рок до 11 јануари за надминување на недоразбирањата со САД околу продажбата на 12 авиони од типот „Ф-16 Барак“ на хрватското Воено воздухопловство, јавува ДПА.

Новинската агенција објавува дека хрватското Министерство за одбрана во соопштение наведува дека најдоцна до 11 јануари Ирзаел „ќе мора да обезбеди дозвола од САД и да ги испорача авионите согласно договреното“.

Хрватска и Израел лани во март потпишаа договор за продажба на 12 израелски авиони на Загреб за сума од 445 милиони долари, но бидејќи станува збор за латала од американски производство надградени и модернизирани во Израел, за нивна продажба на трети земји потребена е согласност од САД.