Филипче очекува епидемијата на морбили да заврши за две недели

Министерот за здравство Венко Филипче.

Епидемијата на морбили министерот за здравство Венко Филипче очекува да заврши за околу 14-15 дена, колку што е и периодот на инкубација од моментот кога последниот пациент со мали сипаници бил примен на Инфективната клиника.

„Се надевам дека нема да бидат пријавени нови случаи на морбили“, вели Филипче во интервју за ТВ 24 Вести.

Според него, најголем проблем во однос на невакцинираноста кај нас се децата коишто одат во градинка, затоа што кај децата кои ќе тргнат во прво, односно второ одделение сериозно е висок опфатот со вакцинација.

-Ние имаме проблем со малите деца. Родителите очигледно под влијание на антивакциналните кампањи чекаат децата да проодат или да прозборат плашејќи се притоа да не заболат од некаква болест која што наводно е во релација со вакцините и после тоа ги вакцинираат“, изјави Филипче.