Иранскиот министер за здравство поднесе оставка поради кратења во буџетот

Поранешниот иранскиот министер за здравство Хасан Газизеде Хашеми.

Иранскиот министер за здравство поднесе оставка поради предложените кратења на буџетот во услови кога земјата се бори со економска криза.

Официјалната иранска новинска агенција ИРНА објавува дека претседателот Хасан Рохани денеска ја прифатил оставката на Хасан Газизеде Хашеми.

ИРНА објавува дека Хашеми во минатото постојано се жалел поради недостиг на средства и поради предложените кратења во неговото Министерство во следниот буџет на Владата.

„Јас не сум нестрплива личност, но доволно е“, рече Хашеми на видеоснимка објавена денеска на информативниот портал „Khabar One.“