Директори, заменици и жолти елеци

МАКЕДОНИЈА - Пратеници од СДСМ и ДУИ предлагаат сите јавни претпријатија основани од владата, освен директор, да добијат и функција заменик-директор. Ова се предвидува во предлог-измените на Законот за јавни претпријатија, кои ги поднесоа пратениците Александар Кирацовски и Благојче Трпевски од СДСМ и Реџаил Исмаили од ДУИ.

МАКЕДОНИЈА - За Орце Камчев, Цветан Панделевски и останатите обвинети во случајот Империја е побарано мерката притвор да биде заменета со поблага мерка, односно домашен притвор, потврдија за МИА од Специјалното јавно обвинителство.

МАКЕДОНИЈА - Измените на Кривичниот законик во брза постапка поминаа во собраниската комисија. Со еден од членовите директно се влијае врз дел од предметите на СЈО кои се во судска постапка.

САД - Богатите земји не можат да очекуваат Соединетите држави да плаќаат за нивната војска. Тие можат да ни плаќаат, да ни надоместуваат. Никој нема војници како нас. Но, ние сме по целиот свет. Ние се шириме низ целиот свет. Ние сме во земји за кои повеќето луѓе никогаш не слушнале. И искрено тоа е смешно. Значи тоа е приказната. Многу едноставна, изјави Трамп по посетата на американските војници во базата Рамштајн во Германија.

ФРАНЦИЈА - Париз ќе организира прослава на Нова Година на Елисејските Полиња, и покрај најавените собири на жолтите елеци. Централната авенија во Париз е место каде што традиционално се дочекува Новата Година, но и место каде што во изминатите недели протестираат жолтите елеци, неформална група на Французи кои протестираат против фискалната и социјална политика на владата.

ГРЦИЈА - Експлозивен механизам бил поставен пред црква во центарот на Атина, а две лица биле полесно повредени во инцидентот.