ЕУ лидерите отфрлија нови преговори за Брегзитот
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека Британија „треба да каже што сака“, откако лидерите на Европската унија ја отфрлија молбата на премиерката Тереза Мeј да ѝ помогнат да го продаде нејзиниот договор за Брегзитот во британскиот парламент. Лидерите најавија дека ќе ги започнат плановите за непредвидени ситуации во случај да пропадне договорот за Брегзитот.