Харадинај: формирањето војска на Косово е добро за Србите

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај изјави дека со денешното гласање во парламентот за трансформација на Безбедносните сили на Косово во Оружени сили на Косово за Србите ништо нема да се смени на полошо, туку може да биде само на подобро. Тој во интервју за приштинската телевизија Т7 оцени дека со формирањето на војската, Косово ќе биде посигурно и оти со тоа посигурни ќе бидат и оние што живеат на Косово.