Нема средба Трамп - Путин се додека Русија ги држи украинските бродови

Џон Болтон

Состанок меѓу американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин нема да има се додека Русија ги држи украинските бродови и екипажите кои ги заплени во близина на Крим, изјави денеска американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон.

“Не гледам околности во блиска иднина дека би можело да дојде до одржување таков состанок се додека бродовите и екипажите не бидат ослободени”, рече Болтон.

Руските сили на 25 ноември запленија три бродови на украинската морнарица со екипажи во Керченскиот Теснец, меѓу Црното и Азовското Море, со образложение дека нелегално влегле во руски територијални води.