Времето денеска: повремени врнежи од дожд и снег

Во Македонија ќе биде претежно облачно, уште од ноќта најпрвин на западот, а потоа и претпладне во поголемиот дел од земјата со повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе се движи од минус еден до 4, а дневната од 3 до 10 степени. Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу нулата, а дневната до 7 степени.