Каракачанов: Треба да се промени менталитетот во Скопје

Красимир Каракачанов

Mинистерот за одбрана и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов изјави дека има многу јасни клаузули во Договорот за пријателство со Македонија, но според него во Скопје треба да престанат да ја фалсификуваат историјата.

“Веќе година и пол тaканаречената Комисија во пракса нема никаков напредок. Од бугарска страна има желба да се направат компромиси, што според мене е недопустилво, а од македонска страна има желба да се извртува,” рече Каракачанов осврнувајќи се на работата на заедничката експертска комисија за историски и образовани прашања помеѓу Бугарија и Македонија за неделната емисија на Бугарското национално радио.

Тој рече дека не жали дека е потпишан Договор за добрососедство со Македонија и додава дека како лидер на ВМРО, човек, историчар и Бугарин има право на мислење.