„Бојкотирам“ бара стоп на уставните измени

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Пред Парламентот на Македонија повеќе од илјада луѓе, организирани од движењето „Бојкотирам“ протестираа против уставните измени кои произлегуваат од Договорот со Грција за името. Организаторите на протестот бараат оставка на Владата, распуштање на Парламентот и предвремени парламентарни избори.
Пред Парламентот на Македонија повеќе од илјада луѓе, организирани од движењето „Бојкотирам“ протестираа против уставните измени кои произлегуваат од Договорот со Грција за името. Организаторите на протестот бараат итно да се запре со менување на Уставот и да се отфрли Договорот. Бараат и оставка на Владата, распуштање на Парламентот и предвремени парламентарни избори. Најавија повеќе видови на граѓански бојкот, меѓу кои блокирање на сообраќајници и крстосници.