Димитров: Груевски успеа да ја претвори Македонија во заробена држава

Министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Никола Груевски е тој кој што успеа да ја претвори Република Македонија во заробена држава за време на неговото владеење, како што беше посочено и во извештајот на Европската комисија од 2016 година, вели во пишана изјава министерот за надворешни работи Никола Димитров.

"Сите ние овде, но исто така и во Европа, ги слушнавме телефонските разговори кои беа објавени во 2015 година, а кои индицираат огромни злоупотреби на функциите, изборни измами и корупција. Помислата дека авторитaрен владетел, кој оставил зад себе такво наследство, а сега осуденик, од земја кандидат за членство во ЕУ ќе бара спас од раката на правдата во земја членка на ЕУ, не може воопшто да се проголта" се вели во пишаната изјава на Димитров, околу последните случувања поврзани со екс-премиерот Никола Груевски.

Во изјава министерот Димитров додава дека поранешниот премиер, исто така користел и полициско обезбедување составено од полициски службеници кои самиот ги одбрал, и оти тоа ги прави целсоно лажни наводите за постоење закани кон неговата лична безбедност.