Демократите ја преземаат контролата врз Претставничкиот дом

Излезните анкети од делумните избори за американскиот Конгрес покажуваат дека контролата врз Претставничкиот дом ја преземаат демократите, додека Сенатот и натаму останува во рацете не републиканците. Американските гласачи ги избираат сите 435 претставници во Претставничкиот дом и 35 претставници во Сенатот, односно за тоа кој ќе ја има контролата врз Конгресот во преостантите две години од мандатот на претсдателот Доналд Трамп. Доколку републиканците загубат тоа би било своевиден пораз и за Трамп кој изборите ги смета за тест на неговата популарност.