Закани, извинувања и озонски дупки

МАКЕДОНИЈА - Ѓорѓи Лазаревски, во своето сведочење во предметот Таргет-Тврдина, изјави дека Горан Грујовски, еден од обвинетите во случајот, му пратил закана дека, како што рече, лично тој ќе му го пресечел гркланот ако бил инволвиран во случајот.

МАКЕДОНИЈА - На првата средба со новата пратеничка група, со пратеникот Крсто Мукоски имаше извинување од негова страна и од моја, и од Талат Џафери, и тоа за мене е најголемо простување. Но тоа е до мене, но сепак правниот систем мора да важи, изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање о врска со понуденото помирување за насислтвата во Собранието на 27 април.

МАКЕДОНИЈА - Делегација на Воениот комитет на НАТО во Скопје ја скенира подготвеноста на земјава за членство во Алијансата. Надлежните велат дека состанокот не е случаен и покажува дека членството на Македонија во НАТО повеќе не е недостижна цел.

МАКЕДОНИЈА - Во Собранието беше формирана Комисијата за помирување, на иницијатива на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија. Со Комисијата ќе претседаваат потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски и пратеничката Емилија Александрова.

РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека рускиот извоз на оружје во светот изнесува 15 милијарди долари, и покрај, како што рече, нефер конкуренцијата.

САД - САД - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно нема да се сретне со рускиот претседаел Владимир Путин в недела во Париз на маргините на комеморациите на 100-годишнината од крајот на Првата светска воја.

БЕЛГИЈА / ТУРЦИЈА - Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во интервју за германскиот весник Ди Велт, изјави дека би било почесно да им се стави крај на преговорите за членство помеѓу ЕУ и Турција и двете страни да се фокусираат на она што е изводливо.

ФРАНЦИЈА - Неименуван извор од истрагата ја потврдил информацијата на француската телевизија БФМТВ, дека разузнавачи од Генералната дирекција за внатрешна безбедност привеле неколкумина осомничени поврзани со движењето на ултрадесницата, по информациите за можен план за напад против претседателот на републиката Емануел Макрон, објавија новинските агенции и француските медиуми.

КИНА - Кина ја претстави репликата на она што се надева дека ќе биде првата кинеска вселенска станица со постојан екипаж, проект кој ги симболизира вселенските амбиции на Пекинг.

САД - Озонската обвивка што го штити животот на Земјата од сончевата радијација постепено заздравува откако е воведена глобалната забрана за испуштање штетни гасови во атмосфреата во 1987 година. Како резултат на Монтреалскиот Протокол многу од оштетените делови на озонската обвивка во поларните региони заздравуваат, се наведува во извештајот Обединетите нации.