Бомби и планови

МАКЕДОНИЈА - Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија преку соопштение најостро го осуди инцидентот во Тетово предизвикан од на припадници на навивачката група Балисти.

МАКЕДОНИЈА - Околу педесетина прислушувани разговори беа пуштени во судница за случајот Титаник за изборни нерегуларности. Најчесто се слушаше гласот на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Покрај Јанакиески, за изборни нерегуларности, во случајот Титаник на СЈО, обвинети се и Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски...

МАКЕДОНИЈА - Вицепремиерот Бујар Османи го презентираше План 18. Реформскиот План 18 опфаќа реформи во правосудството, во безбедносните и разузнавачите служби, реформи во администрацијата и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот фокус пред се е ставен врз изборите за Сенатот, навестувајќи дека не е голем оптимист по повод можноста републиканците да ја задржат контролата врз Претставничкиот дом на Конгресот. Американците во вторник ќе избираат 435 конгресмени и третина од членовите на Сенатот.

УКРАИНА - Истакнатата украинска активистка во борбата против корупцијата Катерина Ханџјук почина во болница во Киев каде што се лечела по нападот со киселина. Таа на 31 јули годинава се здоби со опекотини на повеќе од 40 насто од телото по нападот со киселина во градот Кершон на југот на Украина. 33 годишната Ханџјук му беше помошничка на градоначалникот на Кершон. За нападот врз нејзе биле уапсени пет осомничени лица. Ханџјук водеше кампања против сепаратизмот на истокот на Украина.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Кабинетот на британската премиерка Тереза Меј ги отфрли како шпекулации медиумските наводи дека Британија и ЕУ се блиску до постигнување договор за Брегзитот, бидејќи било решено спорното прашање на ирската граница.

ФРАНЦИЈА - Две згради се урнаа во градот Марсеј на југот на Франција, а пожарникарите им укажале помош на двајца случајни минувачи кои биле полесно повредени. Десетици пожарникари со кучиња проверуваат дали има луѓе под урнатините во близина на Старото пристаниште во Марсеј. Едната од зградите имала пет ката, а другата шест.

ИРАН - Иранскиот министер за разузнавање Махмуд Алави тврди дека наводниот ирански заговор за убиство во ирански опозициски активист во Данска е всушност израелски заговор со цел да им наштети на односите меѓу Техеран и ЕУ. Тој за иранската телевизија изјави дека зад заговорот стои, како што рече, ционистичкиот режим, но не даде образложение.

АВГАНИСТАН - Талибанците нападнале контролен пункт во провинцијата Газни во Авганистан и убиле најмалку 13 војници и полицајци, информираа тамошните власти. Портпаролот на гувернерот на провинцијата изјави дека настрадале седум војници и шест полицајци, дека четири војници биле повредени.

МАЛЕЗИЈА - Украинка е осудена на доживотен затвор во Малезија, поради шверц на дрога. Малезискиот суд денеска пресуди дека 24-годишната Клаудија Лопаткина е виновна за шверц на над 1.5 килограми кокаин и ја осуди на доживотен затвор.