Трамп навести дека не верува оти Републиканците ќе победат на изборите

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот фокус пред се е ставен врз изборите за Сенатот, навестувајќи дека не е голем оптимист по повод можноста републиканците да ја задржат контролата врз Претставничкиот дом на Конгресот. Американците во вторник ќе избираат 435 конгресмени и третина од членовите на Сенатот. „Мислам дека добро ќе минеме на изборите за Претставничкиот дом. Но, како што знаете, мојот примарен фокус е врз Сенатот и мислам дека навистина добро стоиме на изборите за Сенатот“, рече Трамп.