Италија ја отфрли можноста за промена на буџетот

италијанскиот вицепремиер и лидер на Движењето пет ѕвезди Луиџи ди Mајо

Италијанската влада ја исклучи можноста за промена на предложениот буџет за идната година иако Европската унија го отфрли нацртот, што е прва таква одлука во историјата. „Ова е прв италијански буџет кој не ја задоволува Унијата. Тоа не ме изненадува. Ова е прв италијански буџет напишан во Рим, а не во Брисел“, напиша на Фејсбук италијанскиот вицепремиер и лидер на Движењето пет ѕвезди Луиџи ди Mајо. На Италија и се дадени три недели за да подготви нов нацрт буџет, според европските прописи. Доколку тоа не се случи, Рим би можело да добие финансиска казна од 0,2 насто од БДП.