Тајани: Меј не рече ништо ново

Претседателот на Европскиот парламент Антониo Тајани

Претседателот на Европскиот парламент Антониo Тајани изјави дека британската премиерка Тереза Меј, во синоќешното обраќање до лидерите на Европската унија,не изнела нови предлози за Брегзитот. Тајани, по состанокот на кој Меј говорела, изјави дека британската премиерка не изнела „нова содржина“. Тој сепак, додаде дека атмосферата на состанокот била многу порелаксирана отколку на самитот во Салцбург.