Сите жртви во нападот во Крим убиени од огнено оружје

Владислав Росљаков

Руски официјални претставници соопштија дека 18 годишен ученик го извршил вчерашниот напад во неговото техничко училиште на Крим каде што убил 19 луѓе, главно ученици, а 53 ранил пред да се самоубие. Се уште не е јасно дали во бројот на убиените е и напаѓачот. Дванаесет од повредните во нападот што се случи во градот Керч биле во животна опасност. Ова е најголемиот ваков инцидент на Крим откако Русија го анектира овој полустров од Украина во 2014 година. Сведоците го идентификуваа напаѓачот. Станува збор за Владислав Росљаков кој сите свои жртви ги убил со огнено оружје. Руските власти тврдат дека не се работи за терористички чин, туку за масовно убиство извршено од едно лице.